Не стивнуваат позитивните реакции за освоените два златни и еден бронзен медал за Пинг-понгарскиот клуб „Зегин“ од Берово, кој изминатиот викенд беше домаќин на Државниот турнир во пинг-понг.

Успехот на младите пинг-понгари го поздрави и беровскиот градоначалник Звонко Пекевски кој во својата честитка рече дека самиот факт што Берово неколку години по ред е организатор на државни турнири покажува дека младите пинг-понгари ги очекува уште посветла иднина.

На турнирот два златни медали освоија пинг-понгарите Кристијан Каламадевски и Моника Стајковска во категорија до 12 години, а Сара Ризовска го освои бронзениот медал.

Како што истакна тренерот на ППК „Зегин” од Берово, Јован Ковачовски, ова е прв пат во две конкуренции да се освои злато и бронза што претставува годрост и награда за напорната работа за клубот.

Претстојниот викенд на 19 и 20 февруари, Берово повторно ќе биде домаќин на вториот мастерс турнир во пинг – понг, каде ќе се натпреваруваат пинг-понгари во У-12 и У-15 конкуренција.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2022 15:48