Шведската машка репрезентација во хокеј попладнево ја совлада Канада со 2:0 во последното четвртфинале на Олимписките игри во Пекинг.

По овој меч се формираа полуфиналните двојки, а Канаѓаните за прв пат по 16 години останаа без медал. Во 2010 и 2014 година Канада освои злато, а пред четири години заврши на третото место.

Во полуфиналето на хокеј-турнирот на ЗОИ во Пекинг, в петок ќе играат: Финска – Словачка Русија – Шведска.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2022 06:44