Шведската скијачка во слободен стил Сандра Наслунд го освои златниот медал во ски-крос на Олимписките игри во Пекинг.
Канаѓанката Мариел Томпсон го освои сребрениот медал, додека Германката Даниела Мајер ја освои бронзата.
Шведска по седмиот златен медал на ЗОИ 2022 се искачи на четвртото место во поредокот на земјите освојувачи на одличја. Пред Шваѓаните се Норвешка со 13, Германија со 10 и САД со осум златни медали.