Организаторите на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекнг соопштија денеска дека денешнито ден е прв во кој не е регистриран ниту еден позитивен случај на Ковид – 19 меѓу учесниците и прудружниот персонал.

Вкупно се тестирани 5.239 спортисти и членови на олимписките тимови, , како и 63.731 членови на персоналот внатре во „олимпискиот балон“ во Пекинг.

Сите, кои се наоѓаат во „балонот“ според протиколите, се тестираат секој ден.

Од 23 јануари се регистрирани вкупно 435 позитивни тестови на коронавирусот од извршени нешто повеќе од 1.6 милиони тестирања. Од таа бројка, вкупнои 264 спортисти биле озитивни на Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2022 04:03