Француската биатлонка Жистин Бреза – Буше го освои денеска златниот медал во масовен старт на 12.5 километри на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Французинката до победата дојде со време од 40:18, 0 минути и го освои вториот олимписки медал во кариерата, по бронзата во штафетната трка на Игрите во Пјонгчанг.

Сребрениот медал го освои Норвежанката Тирил Екхоф, која зад победничката заостана 15.3 секунди, додека бронзата и припадна на нејзината сонародничка Марте Осбу Ројселан (34.9 секунди), што за неа е петти олимписки медал во Пекинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2022 12:50