Норвежанецот Јоханес Тинес Бо победи на денешната биатлонска трка на 15 километри со масовен старт, освојувајќи го рекордниот 15. златен медал за својата земја на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг.

Бо оствари време од 38:14,4 минути, со четири промашувања во стрелачкиот дел, и го освои својот четврти медал во Пекинг, по претходните три златни и едно бронзено одличје.

Сребрениот медал на денешната трка, со која заврши натпреварувачкиот дел во биатлон, го освои Швеѓанецот Мартин Понсилуома, кој заостана зад победникот 40.3 секунди, додека бронзата му припадна на Ветле Кристиансен од Норвешка (1:12,5 минути).



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2022 14:39