Никогаш не реков дека ќе престанам со Формула 1, бидејќи го сакам тоа што го работам, порача денеска Британецот Луис Хамилтон за време на онлајн презентацијата на новиот болид на Мерцедес.

Седумкратниот светски првак во Ф1 со тоа ги демантираше шпекулациите дека наводно ќе стави крај на кариерата, разочаран поради спорните моменти во минатата сезона во која на контроверзен начин во завршната трка во Абу Даби ја загуби шампионската трка со Макс Верстапен.

– Привилегија е да се соработуваа со оваа голема група луѓе. Точно е дека ми беше тешко и навистина ми беше потребно да застанам. На крајот одлучив повторно да напаѓам во новата сезона, порача Хамилтон на презентацијата на новиот болид на Мерцедес W13.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2022 15:36