Машката хокеарска репрезентација на Русија ќе ја брани титулата олимписки првак во неделното финале против Финска на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, откако вечерва ја совлада Шведска на пенали со 2-1.

Во неизвесен и тензичен натпревар, Русија поведе преку Антон Слепишев, а Шведска израмни со голот на Антон Ландер.

Решавачкиот гол за Русите во пенал серијата го постигна Арсени Гричук.

Противник на актуелниот олимписки шампион в недела ќе биде Финска, која претходно денеска во првото полуфинале ја совлада Словачка со 2-0.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2022 06:21