Кинеската спортска двојка Венјинг Суи и Конг Хан го освои златниот медал на Олимписките игри во Пекинг. Ова е второ злато за Кина на зимските Олимпијада во оваа дисциплина.

Суи и Хан со резултат 239,88 бодови, зад себе оставија три руски двојки. Евгенија Тарасова и Владимир Морзов го освоија среброто со 239,25 поени, додека трети беа Анастасија Мишина и Александар Галијамов со 237,71 освоен бод.

За Кина ова е деветти златен медал по што изби на третата позиција во поредокот на најуспешните земји на 24. Зимски олимписки игри.

До крајот на ЗОИ 2022 во уметничко лизгање останува уште Гала вечерта закажана за утре, последниот ден од натпреварувањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2022 16:23