Даниел Редклиф (32) е речиси непрепознатлив како „Чудакот Ал“ Јанковиќ, на снимањето на претстојниот биографски филм под наслов „Чудакот: Приказна за Ал Јанковиќ“. Продукцијата и снимањето почнаа овој месец во Лос Анџелес.
– Не се сомневам дека ова е улогата по која идните генерации ќе го паметат (Редклиф), се пошегува Јанковиќ.
Комичарот Ал Јанковиќ (62) уште од тинејџерските години „ги пародизира“ радио- хитовите, изведувајќи песни од Мајкл Џексон, Били Реј Сајрус и други ѕвезди со што стана светски познат имитатор. Засега не се знае кога филмот ќе се прикажува.