Глумецот и режисер Шон Пен е во Украина и работи на документарен филм за тековниот руски напад. Тоа го потврди Кабинетот на претседателот на Украина од каде што вчера објавија на Фејсбук дека режисерот присуствувал на известувања за медиумите, се сретнал со вицепремиерката Ирина Верешчук и разговарал со новинарите и воениот персонал за руската инвазија.

„Шон Пен ја покажува храброста што им недостасува на многу други, особено на западните политичари“, се вели во соопштението, во кое се додава дека режисерот дошол во Киев да ги сними сите актуелни настани во Украина и „да му ја каже вистината на светот за руската инвазија“ во земјата. Тој беше во Украина и лани во ноември, кога работеше на проект продуциран од студиото „Вајс“.

Оскаровецот со години учествува во многу меѓународни хуманитарни и антивоени акции.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2022 12:35