Светската атлетска федерација (ИААФ) донесе денеска одлука со која на руските и белоруските спортисти им се забранува настап на сите атлетски манифестации од меѓународен карактер.
Ниту еден атлетичар од Русија нема да може да настапи на Светското првенство во сала во март во Белград, ниту на Светското првенство на отворено Јуџин, идниот јули, порача ИААФ.
– Сите руски и белоруски спортисти, како и членови на официјалните делегации, ќе бидат исклучени од сите настани во светската атлетика, кои се закажани во догледна иднина и одлуката стапува на сила веднаш, се прецизира во соопштението.