Поранешниот светски првак во скок во вис, Украинецот Бохдан Бондаренко, изјави денеска оти е шокиран од убедувањето на многу руски и белоруски дека во Украина не се војува, бидејќи вестите во тамошните медиуми се цензурирани.

– Тие мислат дека ништо не се случува во Украина. Наводно, тоа е она што таму се говори во информативните програми, рече поранешниот светски и европски првак во изјава за полскиот портал Онет.

– Тие не разбираат дека руската војска нè убива. Мислат дека тоа не е вистина, додаде Бондаренко.

Семејството на Бондаренко, поради руската инвазија на Украина, остана раздвоено. Неговата мајка остана во Украина, додека сопругата и ќерката успеаја да се засолнат на безбедно место во Унгарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/03/2022 00:17