Меѓународната велосипедска федерација (УЦИ) му дозволи денеска на 24-годишниот Павел Сиваков да го смени државјанството од руско во француско, објави неговиот тим „ИНЕОС Гренадин“ (INEOS Grenadiers).
– Веќе некое време сакав да станам Французин и поднесов барање до УЦИ, но имајќи ги предвид случувањата во Украина, сакав да ги забрзам работите, изјави Сиваков, кој минатата недела, како и неговиот сонародник Александар Власов, ја критикуваше руската инвазија на Украина.
– Како што реков и порано, апсолутно сум против војната и моите мисли се со народот на Украина. Како и мнозинството луѓе ширум светот во овој момент, се надевам на мир и брзо завршување на страдањата во Украина, порача Сиваков.