Канадскиот нордиец Брајан МекКивер победи на денешната трка на 20 километри во скијачко трчање за спортисти со оштетен вид на Зимските параолимписки игри во Пекинг, освојувајќи го своето 14. параолимписко злато.
МекКивер, кој во кариерата има освоено вкупно 17 одличја на Зимските параолимписки игри, триумфираше на Игрите во Пекинг пред Американецот Џејк Адикоф и Себастијан Модин од Шведска.
– Покрај сите предизвици што ги носи пандемијата, како и политичката ситуација, на сите ни беше тешко. Чудо е што воопшто сме тука, изјави 42-годишниот Канаѓанец, кому ова му се шести Параолимписки игри на кој настапува.
Рекордер според бројот на медали во историјата на Зимските параолимписки игри и натаму е норвешкиот нордиец Рагнхилд Муклебуст со 27 одличја, од кои 22 златни.