Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер ќе биде посилен во новата сезона за услугите на Французинот Руди Сери, кој потпиша две годишен договор со екипата од Битола.

Францускиот 27-годишен лев бек ќе се пресели во Еурофарм Пелистер од редовите на Сесон Рен.

Сери е третото засилување на Еурофарм Пелистер за новата сезона, по словенечкиот голман Урбан Лесјак и Усама Хосни од Тунис.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2022 13:30