Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да настапи на турнирите во Индијан Велс и во Мајами, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

Ѓоковиќ денеска преку социјалните мрежи објави оти знаел дека нема да може да отпатува во САД, иако по автоматизам беше вклучен во жрепката за Индијан Велс.

– Американските здравствени власти потврдија дека правилата нема да се менуваат и затоа нема да можам да играм во САД. Со среќа на оние, кои ќе играат на тие прекрасни турнири, објави Ѓоковиќ.

Услов за влез на странски државјани во САД е доказ за комплетна вакцинација против Ковид-19.

Ѓоковиќ не е вакциниран, а неодамна објави дека е подготвен да ги пропушти сите претстојни турнири доколку вакцинацијата биде услов за негов настап.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/03/2022 16:00