Откако победи на стартот на ВТА турнирот во Индијан Велс, 19-годишната украинска тенисерка Марта Костјук им се пожали денеска на новинарите на однесувањето на руските колешки, посочувајќи оти ниту една нив не изразила жалење поради инвазијата на Украина.

– Разочарана сум бидејќи ниту една руска тенисерка, досега, не ми пријде и не ми изрази жалење поради сè што се случува, изјави Костјук по тричасовниот тениски маратон во кој ја совлада Белгијката, Марина Заневска со 6-7(5), 7-6(6), 7-5.

– Ниту една не ми се извини поради тоа што нејзината земја и го нанесува на мојата. Ова што се случува е страшно и никој не ми даде поддршка, никој не ме праша како сум. Тоа е шокантно. Тука не станува збор за политика, туку за човечки животи. Ме боли кога гледам какви проблеми ги мачат тенисерките и тенисерите. Нив им е важно каде ќе ги префрлат своите пари или слични теми. Украина никогаш нема да се предаде, но знаеме дека ниту Путин нема да запре. Тој е луд, изјави Костјук.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2022 16:52