Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој денеска по голем пресврт го совлада Американецот Себастијан Корда на турнирот во Индијан Велс, обелодени дека нема да настапи на следниот Мастерс 1000 во Мајами.

Надал ќе го прескокне турнирот во Мајами, закажан во периодот од 23 март до 3 април, со цел да се одмори и максимално да се подготви за сезоната на земјени терени.

– Треба да направам добар план за натпреварувањата и да се држам до него, изјави Надал, кој додаде дека сè уште не е стопроцентно рехабилитиран по операцијата на левото стапало.

Надал сезонава игра во одлична форма и веќе освои три турнири – во Мелбурн, Австралија Опен и Акапулко.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2022 16:25