Седумкратниот првак во НФЛ лигата и најдобар играч во историјата на американскиот фудбал Том Брејди одлучи, сепак, да ја продолжи кариерата и најави дека од следната сезона повторно ќе го носи дресот на Тампа Беј.

Неговата спортска пензија траеше точно 40 денови.

– Во изминатите помалку од два месеци дојдов до заклучок дека моето место е на теренот, а не на трибините. Имаме незавршена работа, напиша 45-годишниот Брејди на Твитер.

Брејди, во чија сопственост се сите поважни рекорди во НФЛ лигата, има шест титули во кариерата со Њу Ингланд и една со неговиот сегашен клуб Тампа Беј.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2022 13:59