Спортски тркачки автомобил „Форд фокус ВРЦ“, некогаш управуван од легендарниот рели-возач Колин Мекреј е продаден на наддавање за повеќе од 500.000 евра.

Мекреј забележа победи на 25 трки и 400 успешни возења во кариерата, а стана шампион во 1995 година додека возеше за „Субару“. Тој му се приклучи на „Форд“ во 1998., па тоа не беше крајот на неговиот успех. Не освои нова титула, но следеа нови победи.

„Фокусот“ на Колин од 2001 година беше ставен на наддавање, а највисоката понуда беше дури 423.300 фунти (503.000 евра). Костим на Мекреј е продаден за 19.700 евра.

Автомобилот после повлекувањето по својата „спортска кариера“, денес е колекционерски предмет.

Колин Мекреј загина 2007 година, во хеликоптерска несреќа.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2022 14:20