Русин и Украинка стапиле во врска само две седмици пред да почне војната… Потоа решиле да го напуштат Киев и да го почнат својот нов живот во Унгарија.

Михаил, софтверски инженер од Русија, во Киев пристигнал пред само една година. Таму ја запознал Валерија. Непосредно пред војната, но и при инвазијата, иако не се познавале добро, и покрај сите други околности, решиле да останат заедно.

– Невообичаено, но за разлика од другите луѓе овде, јас сум Русин и живеев една година во Украина. Русија ќе страда поради оваа инвазија многу, многу години, рече Михаил.

Тој нагласува дека не го поддржува Владимир Путин, ниту војната. – Јас сум меѓу оние Руси кои не ја поддржуваат политиката на Русија, претседателот или Владата и кои сакаат да ја вратат вербата во нашиот народ, вели тој.

За двојката, бегството било многу стресно и според кажувањата, сѐ уште не можат да поверуваат дека успеале…

– Тоа беше долго патување од Киев до Унгарија. Минавме речиси пет часа на пат каде што секој ден ги слушавме звуците на бомбардирање и експлозии, но на крајот успеавме! Таа не знаеше што да очекува од мене и јас не знаев што може очекувам од неа. Но, направивме сѐ како тим. Беше многу добро!, раскажува Михаил.

Тие двајцата се надеваат дека „вака ќе остане засекогаш“, како што велат. Еден ден, кога сè ќе заврши, парот планира да се врати во Украина, каде што и двајцата претходно живееле. Сега се во Унгарија.

„Тука сè е прекрасно – имаат одлични ресторани, убави згради, но сепак не можеме да се опуштиме како дома. Многу размислуваме за нашите животи и каде води сè ова!?“, велат тие.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2022 14:02