Ново истражување посочува – каде сопствениците на домашни миленици ги рангираат своите „крзнени пријатели“ во однос на луѓето во својот живот.
Списанието „Вег“ (Wag) анкетираше 1.001 сопственик на кучиња, поставувајќи им прашања за пандемијата, враќањето на работа, грижата за нивните кучиња и слично. Од испитаниците кои се враќаат на работа, а поседуваат куче, 41 отсто рекле дека очекуваат повеќе да им недостига нивното куче отколку децата или партнерот кога ќе се вратат на работа.
Дури 62 отсто од учесниците се нови сопственици на домашни миленици и посвоиле куче последнивве две години, т.е. при пандемијата на коронавирус. Натаму, 55 насто од испитаниците рекле дека вознемиреноста од разделување е нивната најголема грижа околу враќањето во канцеларија, додека 76 насто генерално се загрижени за проблемите со грижата за миленичињата што ќе се појават по враќањето на работа.
Квалитетното време со домашните миленици е висок приоритет за испитаниците, при што повеќето учесници минуваат најмалку три часа месечно во шетање, тренирање и играње со својот миленик.
Освен тоа, сопствениците на домашни миленици изразиле интерес повеќе да патуваат со своите кучиња – 29 отсто од испитаниците рекле дека би патувале почесто доколку би било полесно да го земат кучето со себе.