Режисерот Денис Вилнев веднаш по објавувањето филмот „Дина“ изјави дека се подготвува и продолжение и додаде дека првичната замисла била да се снимаат двата дела паралелно. Првиот филм освои пет „БАФТА“ награди 10 номинации за претстојниот „Оскар“, скоро 140 други награди и 260 номинации.

Како што се наведува, режисерот рекол дека „сѐ е подготвено“ и оти сценариото е „горе-долу завршено“.

– Сценариото главно е завршено, но работата допрва следи и ќе трае до последниот рез. Она што ќе кажам е дека го консолидиравме сѐ тоа. Сценариото го имам при рака. Ние сега се подготвуваме за снимање, изјави режисерот.

Филмот треба да се појави во кината на 20 октомври 2023 година. Сппоред западните портали, „Дина“ заработи над 400 милиони долари. Иако сѐ уште не е официјално потврдено, Вилнев веројатно ќе сними и трет филм, зашто самиот навести дека би сакал трилогија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2022 14:58