Американскиот глумец Том Хенкс изненади уште една невеста – пред хотел во Питсбург, САД, замолувајќи ја да се слика со неа…
– Ми рече нешто како – „Здраво, јас сум Том Хенкс, сакам да се сликам со тебе“. Веднаш се смрзнав! Погледнав наоколу, не знаев што да правам!, изјави младата жена за тамошните медиуми.
Грејс Галтни вели дека 65-годишниот глумец им пришол пред хотелот „Фермонт“ во центарот на Питсбург додека таа и нејзините деверици си имале предвенчалната моминска свеченост и забава.
– Сите полудевме! Девериците излегоа од лимузината, па тој се сликаше и со нив, а потоа ги поздрави сите. Беше многу забавно, изјави свадбената фотографка Рејчел Роланд.
Сите се сложија дека Том Хенкс бил „исто толку прекрасен и шармантен како што си замислувале”… А, и неговата сопруга Рита Вилсон, исто така, била присутна.
Невестата, пријатно изненадена од средбата, веднаш му се пофалила на својот иден сопруг Лук дека штотуку го запознала Том Хенкс.
Ова не е првпат двократниот оскаровец да учествува во приредување вакво изненадување. Во октомври лани тој изненади двојка која штотуку си кажа „да“ на плажа во Санта Моника, близу Лос Анџелес.