Властите во Саудиска Арабија соопштија дека денешната трка во Формула 1 ќе биде прекината доколку постојат безбедносни закани за натпреварувањето, откако јеменските бунтовници Хути, кои ги поддржува Иран, нападнаа вчера резервоари со нафта во близина на патеката во Џеда.
– Ако постои закана бидете сигурни дека ќе ја откажеме трката, но нема закани и за тоа разговаравме со сите, изјави саудискиот министер за спорт, принцот Абдулазиз Бин Турки Ал – Фајсал.
„Секако дека општата безбедност е поголем проблем отколку самото организирање на трката, дури и ако станува збор за Формула 1, така што безбедноста на градот, безбедноста на кралството е главен приоритет“, додаде саудискиот министер.
Јеменските бунтовници вчера објавија дека ги прекинуваат ракетните и нападите со дронови во следните три дена.