Церемонијата на доделувањето на Оскарите беше прекината поради едноминутно молчење за Украина, со порака на екраните во која се повикува на помош на оваа земја изложена на руска агресија.

На екраните беше емитувана порака во која се повикува на момент на молк за поддршка на „народот на Украина кој моментално се соочува со инвазија, конфликт и предрасуди во нивните сопствени граници“.

Во пораката се додаде дека на милиони семејства им е потребна храна, лекови и вода за пиење, а гледачите се повикуваат да испратат хуманитарна помош.

„Ве повикуваме да ја поддржите Украина на кој било начин“, гласеше пораката со хаштаг #StandWithUkraine.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2022 12:06