Британскиот поп-пејач и тапанар Фил Колинс (71) го одржа својот последен концерт во Лондон. Тој настапи со Мајк Радерфорд и Тони Бенкс, колеги од бендот „Џенезис“.

Веќе изнемоштениот музичар го мина целиот настап седејќи на столче. Збогувањето со публиката беше емотивно, но и смешно – во еден миг тој се пошегува дека „по пензионирањето од музиката ќе мора да бара друга работа“.

Концертот се одржа во рамки на турнејата „The Last Domino?“, којашто се одржа по пауза од 14 години.

Групата „Џенезис“ е основана 1967 година, а светската слава ја стекна во 1970-тите. Но, Колинс имаше и завидна соло кариера во 80-те и 90-те години од минатиот век. Некои од неговите најпознати хитови се „In the Air Tonight“, „One More Night“ и „Another Day in Paradise“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2022 16:28