Џо Роган во својата интернет-емисија го коментираше инцидентот со Вил Смит и Крис Рок за време на доделувањето на Оскарите.

Роган смета дека Смит бил „емоционално кревок“ во тој миг и „дејствувал импулсивно“.

– Тоа е глупав нагон, нешто што го правите кога знаете дека нема да има никакви последици, рече Роган при гостувањето на Џош Барнет.

Тој додаде дека на Оскарите „не одите и не седите во првиот ред како ѕвезда… Тука секако е професионалниот комичар чија работа е да ги исмејува луѓето… Тоа што (Крис Рок) го направи не беше навредливо. Тоа беше блага шега, рече Роган.

Водителот укажа дека не е баш мудро облечен во смокинг, на најгледаните награди во светот да му удрите шлаканица на комичар за „мала шега“. А потоа тој седна на своето место, сè уште се тресе и вика: „Не кажувај го името на жена ми!“ Потегот на Смит е преседан на многу начини, истакна Роган.

Тој смета оти не може тукутака да удирате човек в лице пред целиот свет, а потоа да продолжите да работите како ништо да не се случило.

– Направен е ужасен преседан. Отиде на сцената и удри комичар?!… Не мислам дека луѓето нужно ќе го променат своето однесување, но глупавите луѓе би можеле, заклучи водителот.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2022 13:40