Предмети во вредност од илјадници фунти се украдени во упад во луксузниот дом на Викторија и Дејвид Бекам во западен Лондон, објавија британските медиуми.

Се верува дека кражбата во Кенсингтон се случила доцна навечер кон крајот на февруари додека Бекамови биле во неа со нивната 10-годишна ќерка. Веста е објавена денеска.

Според „Сан“, кражбата била откриена кога синот на познатата двојка, Круз Бекам (17) се вратил дома од ноќно излегување и видел скршен прозорец и ограбената соба.

Лондонската полиција ги потврди наводите за кражбата.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2022 16:10