Џон Батист доби шест признанија на 64. доделување на американските музички награди Греми во Лас Вегас.

Четири награди освои проектот Силк Соник на Бруно Марс и Андерсон Пак.

Поп ѕвездата Оливија Родриго беше прогласена за „откритие на годината“.

За најдобра рок изведба, признание доби бендот Фу Фајтерс за „Making a fire“. Бендот е награден и за најдобар рок албум.

„Jail“ на Кање Вест и Џеј Зи доби признание за најдобра рап песна, а за кантри песна, се награди „Cold“ на Крис Стаплтон.

Греми наградите, од 1959 година, ги доделува американската Академија за уметности и науки на рекорди (НАРАС).



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2022 14:51