Олимписката победничка во ритмичка гимнастика, 22-годишната Израелка Линој Ашрам, објави денеска дека заминува во пензија и ќе се посвети на тренерската работа.

Ашрам минатата година на Олимписките игри во Токио стана првата Израелка, која освои златен медал во повеќебој, прекинувајќи ја со тоа 20-годишната руска доминација.

– Знам дека ова патување вредеше, бидејќи на мојата визит-карта пишува „олимписка победничка“, изјави Ашрам на прес-конференција во Тел Авив.

– Спортистот мора да знае кога треба да се повлече. Јас го остварив својот сон. Ќе продолжам, но од другата страна, посочи олимписката победничка од Токио, додавајќи оти ќе му се приклучи на тимот на својот поранешен тренер Ајелет Сусман.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2022 09:27