Единствениот Германец со победа на најголемата светска велосипедска трка „Тур де Франс“ (1997 година), Јан Улрих одлучи да го продаде на аукција велосипедот кој специјално за него беше изработен за настап на изданието во 1998 година, и целиот приход го намени за жртвите на рускиот напад врз Украина.
Велосипедот е продаден за 40.000 евра, а целиот приход е уплатен на сметката на хуманитарната организација „Срце за децата“.
– Искрено сакам мирот и среќата што поскоро да се вратат во Украина, порача Улрих.