Францускиот тенисер Џо Вилфред Цонга објави денеска дека по завршува на претстојниот Ролан Гарос ќе ја заврши својата кариера.
Цонга, кој на 17 април ќе го прослави својот 37. роденден, своевремено беше петти светски рекет, но поради бројни повреди и пад во формата сега е рангиран на 220. место на АТП листата.
– Ова ќе ми биде 15. учество на Ролан Гарос и се надевам дека ќе бидам на нивото на кое секогаш сум бил на овој турнир, изјави Цонга.
Французинот во кариерата освои 18. АТП титули, а најблиску до грен-слем трофеј беше во 2008 година кога во финалето на Австралија Опен загуби од Србинот Новак Ѓоковиќ.
На Олимписките игри во Лондон 2012 го освои сребрениот медал во двојки.