Возачот на Ферари, Шарл Леклер, истакна дека денешната трка во Австралија била прва сезонава во која ја контролирал предноста од почеток до крај, додавајќи оти неговиот болид бил во одлична состојба.
– Ова е прва победа во која ја контролиравме предноста. Искрено, болидот беше совршен денеска. Секако, добро работев во текот на викендот, но тоа немаше да биде возможно без добар болид, изјави Леклер.
Со триумфот во трката за Големата награда на Австралија, Леклер ја забележа втората победа сезонава во Формула 1 и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман со 71 бодови, 34 повеќе од Џорџ Расел (Мерцедес), кој заврши третопласиран во Мелбурн. Втор низ целта мина Серхио Перез.