Македонскиот мотоциклист, Христијан Бузалковски изминатиот викенд на патеката крај Серес (Грција) со две победи на БМУ Европскиот шампионат тргна да ја брани титулата.

– Сезоната започна на најдобар начин, остваривме две победи во првите две трки и со тоа го започнавме походот кон одбраната на титулата. Можам да кажам дека сум задоволен од тоа како се одвиваше целиот викенд, моторот работеше перфектно и се беше како што треба. Огромна благодарност до моите спонзори Агенцијата за млади и спорт и федерацијата, истакна Бузалковски.

Следната трка ќе се одржи за нешто помалку од еден месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2022 09:06