Поп-ѕвездата Били Ајлиш ќе му се придружи на семејството „Симпсонови“ во ново кратко остварување на стрим-платформата „Дизни плус“ закажано за овој месец.

Оскаровката за последната „Џејмс Бонд 007“ насловна песна, заедно со нејзиниот брат Финес О’Конел, ќе се појави во краткиот филм со наслов „Кога Били ја запозна Лиса“. И, тоа треба да се емитува на 22 април.

Во новата специјална епизода, Лиса Симпсон ги запознава уметниците кои се на врвот на топ-листите додека бара мирно место за себе – за вежбање со саксофон.

Дуото брат и сестра неодамна го освои „Оскарот“ за најдобра оригинална филмска песна, за „No Time to Die“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2022 09:52