Во финалето на плејофот од македонскиот шампионат за одбојкарки ќе играат екипите на Работнички и Јанта волеј КВ.

Ова е епилогот по пресметките во полуфиналето кое скопските екипи во два натпревара го добија со ривалките од Струмица.

Вчеравечер во Струмица, Работнички со максимални 3:0 ја совлада екипата на Струмица жени, додека Јанта волеј КВ го победи тимот на Наковски волеј исто така со 3:0.

Двата тима финалисти во плејофот, пред една седмица се сретнаа и во финалето од Купот на Македонија. Поуспешни беа одбојкарките на Работнички кои до трофејот стигнаа со победа над Јанта волеј од 3:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2022 08:57