Продукциската куќа „Халмарк“ снима романтична комедија во којашто глумат актери со Даунов синдром. Се работи за филмот „Обој го мојот свет со љубов“ (Color My World With Love), што сѐ уште е во претпродукција.

Главните улоги ќе ги толкуваат Лили Д. Мур и Дејвид Десанктис. Лили ќе ја глуми Кендал, надарена сликарка со Даунов синдром, која се вљубува во Бред. Вљубувањето го загрижува нејзиното семејство кое се плаши дека Кендал ќе заврши со скршено срце, па тука во приказната влегува Ник (го глуми Бенџамин Ејрис)…

– Сите сонуваат да се заљубат и да се омажат еден ден, па дури и лицата со попреченост. Се надевам дека по „Обој го мојот свет со љубов“ гледачите ќе сфатат дека тоа нѐ учи да ја насликаме нашата сопствена животна приказна и дека сите имаме бескрајни можности, вели 18-годишната девојка, за која ова е прва главна улога во филм.

„Халмарк“ сака да ја поттикне разновидноста со своите содржини, т.е. со овој филм, а тој ќе биде прикажан на крајот на годината.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2022 10:09