Американската политичарка Ерин Меј Квејд доби труднички болки за време на нејзиниот говор на конвенцијата на нејзината Демократска партија. Имено, во деветтиот месец од својата бременост, кандидатката за Сенатот на САД, од американската сојузна држава Минесота, застана пред стотина луѓе…

– Значи, ја чувте веста дека имам болки, нели!?, ја праша таа публиката откако дојде на подиумот, па многумина ѝ аплаудираа. – Ова е наш миг и ја градиме нашата иднина заедно. Да ја отклучиме моќната преобразувачка политика што значи дека можеме да помогнеме да се постигнат безбедни и стабилни заедници, да создадеме економски можности… И просперитетот и, да ги заштитиме нашите граѓански и човекови права… И да ја зајакнеме нашата човечка и јавна инфраструктура… Жал ми е, рече таа, паузирајќи поради контракциите…

По говорот, Квејд била однесена в болница, каде што родила девојче – Хариет Блејк Меј Квејд.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/05/2022 09:36