Полицијата во Лос Анџелес, САД, го идентификуваше напаѓачот на комичарот Дејв Чапел, како Исаја Ли, кој доби и обвинение за напад со смртоносно оружје.

Имено, тој во себе носел импровизиран „пиштол-реплика со ноже“.

Инаку, Ли е рапер кој го користи уметничкото име Нонејм Трапер, а напишал и песна за комичарот, насловена според неговото име, но напишано со малку различни букви. Песната е објавена 2020 година. Нонејм Трапер на Инстаграм има 40.000 следачи.

Чапел беше нападнат завчера, на свој настап на сцената во „Холивуд боул“, при што само напаѓачот беше повреден и згрижен в болница потоа. Чапел го продолжи настапот шегувајќи се за тоа.

Ли е притворен со одредена кауција од 30.000 долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2022 10:16