Германската дога (Great Dane) Зевс е највисокото живо куче во светот. Станува збор за двегодишен пес кој се чува во Бедфорд, Тексас, САД, а е висок метар и 46 милиметри. Неговата висина е веќе Гинисов рекорд, официјално од 22 март.

Зевс јаде 12 чинии храна за кучиња дневно, а неговата сопственичка Британи Дејвис изјави дека отсекогаш сонувала да има вакво куче. Нејзиниот сон го исполнил нејзиниот брат кој ѝ го подарил Зевс кога кучето имало само осум недели.

– Тој беше големо куче и кога го добив. Дури и за едно „мало кученце“ имаше големи шепи, рече Британи.

Покрај стандардната храна за кучиња, Зевс понекогаш јаде и пржени јајца, а омилени му се коцките мраз. Тој веќе се прослави во својот град…

Претходниот рекорд за највисоко куче, исто така беше германска дога – Фреди, кој почина минатата година. Имаше осум години и беше висок 103,4 см.

Највисокото куче на сите времиња беше исто така наречено Зевс – германска дога висока 111,8 см.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2022 09:12