Студиото „Твениет сенчури“ вчера го објави првиот кус трејлер за долгоочекуваното, осумкратно одложувано продолжение на „Аватар“, со поднаслов „Патот на водата“ (Avatar: The Way of Water). Вториот дел на остварувањето од над милијарда долари на режисерот Џејмс Камерон, конечно ќе се појави во кината во САД на 16 декември годинава.

Во новата приказна, На’ви воинот Нејтири (Зое Салдана) и поранешниот маринец кој стана На’ви, Џејк Сали (Сем Вортингтон) сега се горди родители на четири деца на далечната планета Пандора.

– Продолжението е приказна за семејството и она низ што ќе минат родителите за да го сочуваат и заштитат своето семејство… Секогаш велам дека филмовите на (режисерот) Џим имаат универзални теми – и навистина, нема поуниверзална тема од семејството, изјави продуцентот Џон Ландау во една прилика.

Меѓу глумците се Кејт Винслет, Сигурни Вивер, Стивен Ланг, Мишел Јео, Вин Дизел, Уна Чаплин, Џоел Дејвид Мур, Џовани Рибиси и други. Буџетот на филмот вреди 250 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2022 13:41