Мечка нападнала војници на Алјаска. Едниот им подлегнал на повредите, идентификуван од американската армија како падобранец и ветеран од војната во Авганистан. Другиот војник се здобил со повреди при нападот.

Починатиот имал 30 години и е нападнат за време на тренинг во базата Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ.

Медиуми наведуваат дека надлежните ја бараат мечката, за која не се знае од каков вид е.

Алјаска е дом на три вида мечки во Северна Америка – црна, кафеава и поларна, но третата е поретка во јужниот дел.

Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на полицаец од Алјаска, војниците биле нападнати откако наишле на мечкино дувло, додека истражувале можно место за обука во дивината.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2022 10:15