Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн е позитивна на Ковид-19, со умерени симптоми и ќе биде во изолација дома седум дена, соопштија од нејзиниот кабинет.

Ардерн веќе беше во изолација од минатата недела, кога нејзиниот партнер Кларк Гејфорд беше позитивен и требаше да продолжи со работа од понеделникот.

Нов Зеланд воведе еден од најрестриктивните пристапи во светот за управување со епидемијата на Ковид-19 од нејзиниот почеток во 2020 година, а бројот на смртни случаи од болеста, 892, останува меѓу најниските во развиените земји.

Сепак, бидејќи ограничувањата се олеснија во март и со „растот“ на Омикрон, позитивниот случај на Ардерн е меѓу повеќе од 50.000 регистрирани во текот на изминатата недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2022 09:28