Со новиот албум „Mr. Morale & the Big Steppers“, Кендрик Ламар практично ги блокираше музичките стрим-платформи „Спотифај“ и „Епл мјузик“. Албумот е пофален и од многу музичари.

„Ова ‘боли’, јас сум без зборови“, напиша Еминем на Твитер.

Ламар за овој албум соработуваше со голем број музичари – Би-ел-екст и Аманда Рајфер се појавуваат во песната „Die Hard“, Тејлор Пејџ во „We Cry Together“, а Самер Вокер и Гостфејс Кила во „Purple Hearts“… На албумот има вкупно девет песни.

Својот претходен албум „Damn“, Кендрик Ламар го издаде пред пет години, во 2017. и за него ја доби Пулицеровата музичка награда. Потоа, Ламар работеше на музичкиот избор за филмот на Марвел – „Црниот пантер“ изведен и на Коаччлела фестивал, освои 14 „Греми“ награди и номинација за „Оскар“. Учествуваше и на Супербоулот на полувремето со Д-р Дре претходно годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2022 10:55