Во Музејот на современата уметност во Скопје денеска и утре ќе биде одржана конференција „На работ на климатска катастрофа: Уметност, култура, екологија и креирање политики во 21 век“.

Конференцијата е замислена како платформа на која разни теоретичари, практичари, креатори на политики и уметници ќе ги споделат своите ставови за уметноста и културата, како тие се соочуваат со предизвиците на животната средина и глобалната несигурност. Ќе бидат разгледани и споделени можни начини за трансформирање на иднината во иднина која е добра за живеење, за човечкото и не-човечкото постоење (во екофеминистичка, постколонијална рамка на грижа, солидарност и антикапитализам).

Настанот се состои од предавања, дискусии, презентации на уметнички истражувања и дискурзивни програми, како и уметничка програма.

Конференцијата ја организираат Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Плоштад Слобода, во партнерство со Платформа Заједничко – Белград и Музеј на современа уметност – Скопје, и е дел од проектот на ЕУ – АКТ: Уметност, Клима, Промена, а е поддршана од програмата „Креативна Европа“ на ЕУ, Министерството за култура на Република Македонија и фондацијата Хајнрих Бол.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2022 09:03