Во канцеларијата на Европската ракометна федерација во Виена, денес беше извршена ждрепка за завршниот турнир во Лигата на шампиони кој ќе се игра во Келн на 18 и 19 јуни.

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков со неговиот Веспрем за противник го доби полскиот тим Келце.

Во другото полуфинале ќе се соочат актуелниот шампион Барселона и Кил.

Во случај Барселона да го освои трофејот, тоа ќе биде нивни јубилеен – 10, водено Каталонците ќе бидат првите што успеале да триумфираат две години по ред откако овој формат е воведен од сезоната 2009/10.

Кил досега има четири трофеи, Келце еднаш беше на европскиот ракометен трон, додека Веспрем сé ушет чека на својата прва титула.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2022 12:15