Деца ликовни уметници и ликовни педагози од Украина, Албанија, Србија, Турција, Словенија, Романија и други, вкупно 14 држави од светот учествуваат на меѓународната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр".

Селекцијата на улесниците е направена од пристигнатите 22.500 ликовни творби, од 40 држави, а меѓународното стручно жири избра 777 најуспешни творби, истакна Елена Хаџиантоновска, претседател на колонијата.

-Годинава Гран при награда доделивме за ателјето Вејсел Аџар од Трабзон Турција, награда за животно дело доделивме на ликовниот педагог Светлана Вешиќ Ралевиќ, како и 3 специјални награди за ученици од училишта во Словенија, Романија и Унгарија. До 30 мај учесниците ќе цртаат во Битола, Охрид и селото Буково, а денес заедно го славиме патрониот празник на нашето студио кое повеќе со децении го носи името „Св. Кирил и Методиј", нагласи Хаџиантоновска.

Добредојде во Битола, на младите ликовни уметници и нивните ликовни педагози им посака градоначалникот Тони Коњановски.

-Голема чест и радост е да се биде на една ваква манифестација каде детската креативност е вистински промотор на Битола во светски рамки. „Мал битолски Монмартр" е голема гордост на напиот град и јас се радувам што после две години децата ќе ги користат богатите битолски приказни за инспирација во своето творештво, истакна Коњановски и потсети на големата улога и придонес на творецот на меѓународната ликовна колонија во овој град, Коста Хаџи Антоновски.

Меѓународната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр" датира од 1981 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2022 21:50