Поради најавеното дождливо време на 27-ми и 28-ми мај, а во консултација со менаџментот на „Дип парпл“ (Deep Purple), концертот на групата ќе се префрли во арената „Борис Трајковски“, истиот ден 28 мај.

Според организаторите, со тоа, сите со купени влезници досега, како и сите оние кои ќе купат отсега, ќе може да бираат дали сакаат да го следат концертот од седење или од стоење.

Организаторите додаваат дека во продажба според капацитетот на арената „Борис Трајковски“ има уште 1.500 влезници што ќе се продаваат до концертот по истиот принцип (партер и фан пит), но и со тие влезници ќе може да се седи.

Истите се достапни за купување на сите продажни места во мрежата на Авалон низ Македонија, плоштад „Македонија“ и онлајн на avalon.mk, додаваат организаторите



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2022 21:50